| четврток, 6 декември 2018 |

Поетите на ДПМ во чест на Блаже Конески

Поети од различни генерации, членови на Друштвото на писателите на Македонија, на 19 декември во 12 часот, ќе настапат на централната свеченост што Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје ја организира по повод 96-годишнината од раѓањето на големиот поет, раскажувач, есеист, лингвист и книжевен историчар.

На познатата „Средба на генерации“, на која како поет учествуваше и Блаже Конески, на Филолошкиот факултет што го носи неговото име, ќе настапат поетите: Ристо Лазаров, Иван Џепароски, Владимир Мартиновски, Делвина Керлуку, Раде Силјан, Милован Стефановски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Зоран Анчевски, Веле Смилевски, Иван Антоновски, Јусуф Едип, Катица Ќулавкова, Илија Велев, Ресул Шабани, Санде Стојчевски, Ефтим Клетников, Кристина Николовска, Бранко Цветкоски, Александра Велинова, Димитар Пандев и Олга Панкина.

Блаже Конески (1921-1993) беше еден од иницијаторите за формирање на ДПМ и прв претседател на македонската писателска асоцијација. Во чест на неговото дело Друштвото на писателите на Македонија секоја година од 19 до 21 декември ја одржува манифестацијата „Денови на Блаже Конески“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top