| четврток, 6 декември 2018 |

Не знаев дека е толку тешка: Брена го срушила Боба на улица и му ја повредила раката

Лепа Брена во документарецот „Лепа Брена-години на Слаткиот грев“ открила смешна ситуација, па признала дека замалку му ја скршила раката на некогашниот тенисер, а сегашен нејзин сопруг Боба Живоиновиќ, и тоа на еден од нивните први состаноци.

-Се договоривме да се најдеме во Нови Сад. Јас тргнав на местото на средбата, стојам на семафорот и го гледам него од другата страна како чека и ги шири рацете. Замислувам како му трчам во прегратка, скокам, се вртиме како на филм, само забавено. И јас навистина се залетав кон него, му скокнав во прегратка, но паднавме и Боба ја повреди раката- се присетила пејачката.

Боба од друга страна тврди дека не очекувал Брена толку да е тешка.

-Мислам дека никогаш побрзо не возев до Нови Сад како тогаш, поради нашата средба. Се можев да подигнам, но таа беше некако тешка, па не можев баш да ја држам-низ смеа рекол Боба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top