Од 3 до 9 мај 2018 ќе се одржи јубилејното 30. издание на Саемот на книгата, а годинава локацијата е ВИП Арената „Борис Трајковски“. На Саемот ќе учестуваат сите значајни издавачки куќи во Македонија и издавачки куќи од регионот.
По повод 30. јубилејно издание на Саем на книга, Скопски саем за сите организирани, групни посети на ученици обезбедува бесплатен влез. Донацијата за влез на ученици се обезбедува со цел промоција на најмасовната културна манифестација во земјава, популаризација на книгата и негување на читателската публика уште од најрана возраст.
Издавачките куќи најавија дека ќе ги претстават своите најнови изданија, како и голем број на промоции, средби со автори и големи саемски попусти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.