Сопругата на шпанскиот крал Филипе, Летиција и неговата мајка Софија, се појавија заедно во јавност смешкајќи и се, со што ги демнатираа шпекулациите за наводниот раздор меѓу нив.
Гласините за тоа дека не се во најдобри односи се појавија во медиумите после видео снимката од минатата недела на која се гледа како Летиција ја отфрла раката на својата свекрва од рамото на едена од ќерките на Летиција.
Кралиците Летиција и Софија се појавија во мадридската болница каде после операција на коленото лежи кралот Хуан Карлос, кој абдицираше во корист на синот Филил Шести.
На снимките може да се види како Летиција и ја отвара вратата на автомобилот за Софија да излезе, а возел кралот Филип.
Како што се наведува шпанското кралско семејство со ова сака да го поправи својот имиџ во јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.