Принцот Луј, третиот син на Големиот војвода и војвотката од Луксембург, Анри и Марија Тереза, се оженил со принцезата Теси во септември 2006 година, шест месеци по раѓањето на нивниот најстар син. Парот има двајца синови, Габриел и Ноа, со кои живеат во Лондон. Меѓутоа, принцезата Теси ги потврдила гласините за разводот, за кој долго време се шпекулираше во медиумите.
Во соопштението истакнала дека е многу тажна поради разводот, но дека засекогаш ќе остане во добар однос со сопругот за да им бидат што подобри родители на нивните синови.
Малку е познато дека Теси и Луј се запознале во Косово. Имено, Теси Ентони по завршеното средно училиште одлучила да се приклучи во војската на Луксембург. Од март до јули 2004 година престојувала во Косовска Митровица, во контекст на мировните мисии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.