Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип можат да се пофалат со најдолгиот кралски брак во историјата – сојузот им трае веќе цели 68 години. Според биографот Гејлс Брандрет, двајцата биле среќни во текот на сите тие децении, затоа што нивната врска има идеална динамика, објавува списанието „Пипл“.
Брандрет, која е автор на книгата „Портретот на еден брак“ од 2004 година, пишува есеј посветен на 91-годишната кралица и нејзиниот 96-годишен сопруг, во кој ја изложува својата теорија односно тајната на нивниот успешен сојуз. Според него, тоа има корени во следните три нешта:
1.Тој ја смее. Со своето типично британско и особено нецензурирано чувство за хумор, принцот Филип секогаш бил човекот кој најлесно може да ја насмее кралицата. Војводата од Единбург е многу забавен човек, пишува Брандрет. Наводно, негова е шегата: Ако некогаш видите човек како ја отвара вратата на својот автомобил за неговата жена, значи или колата е нова или жената.
2. Таа ја носи круната, но тој е главата на семејството. Филип е совршен сопруг за Елизабета. Од нејзиното крунисување во 1953 година досега, тој го исполнил секое свое кралско задолжение како такво, но тоа ни оддалеку не значи дека бил „маж под здолништето“. „Кралицата ја носи круната, но нејзиниот маж – панталоните!“, се шегува Брандрет. „Тој е силата зад тронот: строг и секогаш на помош“. Покрај тоа што заради фактот дека таа е британска кралица, никој друг на светот не се однесува со неа на целосно нормален начин – освен принцот Филип. Тој е единствениот човек на кого таа може мирно да му каже: „О Филип, замолкни!“ И двајцата го прават тоа.
3. Секој од нив ги прифаќа слабостите и разликите кај другиот. Филип секогаш бил динамичен, комуникативен, авантурист и сакал предизвици, вели биографот. Елизабета, од друга страна, е поконзервативна, кротка и склона да ги прави нештата така како секогаш се правеле. Тој има бескрајно трпение за се. „Како двојка, тие се сојузници, но тоа не значи дека немаат свои разидувања“, додава уште Брандрет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.