Социјалниот антрополог и автор на книгата „Watching the English“, Кејт Фокс, нуди поинтемен поглед врз јазикот и начинот на изразување на кралското семејство за „Мирор“. Според неа, постојат неколку зборови кои од одредени причини семејството не смее да ги изговара, или поблаго речено, ги смета за навредливи.
1. Пардон
Наместо „пардон“, треба да се користат варијации на извини („sorry“), од едноставна причина што зборот има француско потекло.
2. Тоалет
И тука пресудни се француските корени на зборот. Зошто да се вели тоалет, кога англискиот јазик го има „loo“ – ќенеф.
3. Парфем
Повторно истиот проблем. Наместо да прашувате за одредена марка на парфем, може да прашате за нечиј мирис (scent)
4. Чај
Во овој случај не се работи за самиот збор чај, туку за неговата употреба. Кога некој ве кани на чај, всушност значи дека ве кани на вечера, но на кралицата не и се допаѓа оваа замена на зборовите.
5. Салон
На кралицата, исто така, не и се допаѓа зборот lounge (салон), туку собата за одмор и дружење со семејството сака да се нарекува дневна соба.
6. Пош
Пош е всушност збор кој е измислен токму за кралското семејство. Во буквален превод значи благороднички, а се користи кога нешто е луксузно, модерно, ексклузивно, но и кога некој се замислува дека е повеќе одошто е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во кралското семејство: Кралицата Елизабета очајна, неговата смрт ја дотепа!
-
Модерна аристократија: Таа е единствена кралица на светот која има храброст да облече краток шорц!
-
Само да и однесам на тетка ми лек: Чарлс и Вилијам најдоа изговор да избегаат од Трамп!
-
Нов скандал ја тресе Британија: Книга за неверствата и сексуалниот живот од која светот занеме