| четврток, 6 декември 2018 |

Од понеделник, 1 јули, купете си билети за ЕП во Словенија

Од понеделник, 1 јули ќе почне продажбата н билетите за Европското првенство во кошарка што ќе се одржи во Словенија во  2013 година, на кое учествува и Македонија. Ние сме во групата во Јесенице, заедно со Србија, Црна Гора, БиХ, Литванија и Летонија, а шампионатот ќе се игра од 4 до 22 септември во четири града, Љубљана, Целје, Копер и Јесенице.

Билетите ќе можат да се купуваат преку веб-сајтот „eventim.si“, а едно лице ќе може да набави најмногу 4 билети. За сите што ќе заминат за Словенија да ја бодрат македонската кошаркарска репрезентација, билетите ќе можат да се набават и на неколку бензински пумпи и специјално одредени продажни места.

За финалниот меч сите билети се распродадени, а за сите останати натпревари сѐ уште има во слободна продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top