| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на слики од Глигор Чемерски во Кавадарци

По повод 77 години од раѓањето на уметникот Глигор Чемерски, синоќа во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци беше отворена изложба на негови слики.

Сликите припаѓаат на општина Кавадарци, Музејот од Кавадарци и во приватна сопственост. Организатори на изложбата се Музеј-галеријата и Домот на културата, со поддршка на општина Кавадарци.

– Чемерски целиот свој живот го фалеше и сликаше Кавадарци преку многу свои дела, особено преку жешкото тиквешко сонце и гроздоберките, кои ги виде целиот свет. А неговиот роден град е горд што токму поради него, светот ги препознава Кавадарци и Македонија, рече академскиот сликар Владимир Темков.

За животниот пат и уметноста на Чемерски, говореше пензионираниот универзитетски професор Кирил Темков.

Скликарот и академик Глигор Чемерски е роден во Кавадарци во 1940 година, а почина на 76-годишна возраст во Скопје. Тој се образувал во Кавадарци, Скопје, Белград и Париз. Завршил Академија за ликовна уметност во Белград, а постдипломски студии на истиот Универзитет. За време на својот живот реализирал повеќе од 70 изложби ширум светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top