| четврток, 6 декември 2018 |

Во кабинетот на претседателот изложени делата на Чемерски што ќе патуваат во Москва

По повод инаугурација на академик Глигор Чемерски во почесен член на Руската академија-Императорска, во кабинетот на претседателот се изложени дел од 43. дела на академик Чемерски што од 10 декември годинава до 10 јануари 2015 година ќе бидат претставени во престижната московска галерија „Зураб Церетели“.

10670044_10152498710151158_1290281826879435353_n

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во своето обраќање пред присутните истакна дека самото тоа што академик Чемерски е прогласен за почесен член на Руската уметничка академија – Императорска претставува извонреден успех за овој врвен македонски ликовен уметник, но и за македонската уметност и култура.

10636055_10152498710236158_8413294653080048896_n

Во изминативе две децении одново ја откриваме долгата историска, духовна, културна и јазична традиција меѓу Македонија и Русија. Традиција што започнува уште во времето на Самуил. Колку што Македонија беше значајна за Русија во 11 век така Русија беше значајна за Македонија во 19 и 20 век. Во Русија се инспирираа и дејствуваа македонските преродбеници Зографски и Миладинов, Жинзифов и Пулевски. Токму таму работеа и дејствуваа Мисирков и Чупоски, Димов и Константинович. Со своите дела, тие ја чуваа отворена портата за културна соработка меѓу Македонија и Русија. Низ таа порта денес минува и нашиот ценет академски сликар Глигор Чемерски. Му посакувам уште многу верификации на неговите раскошни дела со што ќе се отвори патот за афирмација на македонската уметност и култура, рече претстедателот Иванов.

10410270_10152498710361158_4515950605209167891_n

Министерката за култура го изрази своето задоволство што благодарение на претседателот Ѓорге Иванов имаме можност да уживаме во еден мал дел од најдобрите остварувања на Чемерски кои за еден месец ќе бидат изложени во престижната галерија „Зураб Церетели“ во Москва.

Gice1

-Денес на плејадата интелектуаци им се придружува и првиот Македонец – почесен член на руската академија на уметностите, Глигор Чемерски кој со својот плоден творечки опус ја потврди уште еднаш космополитската димензија на културата и уметноста и нејзината моќ да ги обединува земјите и народите – рече Канческа-Милевска. Таа додаде дека како творечки продолжувач на експресивната тенденција на современата македонска уметност која се развиваше од Мартиноски и Личеноски, сѐ до Мазев, Чемерски е еден од ретките автори што успеаја да остварат монументален опус, но, сепак, да останат верни на своите творечки ориентации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top