Глигор Чемерски е добитник на наградата за животно дело, Ниче Василев е уметник за 2013, а Атанас Ботев е млад уметник за 2013. Признанието Остенови уметници 2013 го понесоа и Павле Кузманоски, Росица Лазеска, Доне Милјановски, Симонида Филиповска, Васил Василев, Невзат Кица, Тања Манева, Владимир Илиевски, Новица Трајковски и Мирјана Масетти.
Тоа се творците во ликовната уметност, кои во текот на 2013 година беа најактивни на македонската ликовна сцена, а истовремено, исклучително успешно соработуваа со ОСТЕН АРТ. На овој начин Остен АРТ им оддава почит за успешно завршената професионална година.
На уметниците ќе им бидат доделени награди и признанија.
Со манифестацијата „Уметници на годината“, Остен АРТ има за цел да ја стимулира ликовната дејност во Македонија, преку трасирање патишта за долготрајна соработка со македонските уметници и проширување на перспективите за продукција и натпревар.
Претходни добитници на манифестацијата „Уметници на годината 2012“ се Тони Шулајковски – Уметник на годината 2012 и Трајче Јанчевски – Награда за животно дело 2012.
Годинава, ОСТЕН АРТ прерасна во приватна институција од културата за музејска и галериска дејност, пак, минатата година ја востанови манифестацијата ОСТЕН – УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА.
Секоја година ОСТЕН АРТ ќе прогласѕва 10-15 македонски автори за уметници на годината. Тоа се уметниците со кои Остен најмногу соработувал во текот на изминатите години. Уметници од различни возрасни категории, со различни стилови на уметничко изразување, ќе бидат поканети да учествуваат на оваа манифестација. А, она што е обединувачко за УМЕТНИЦИТЕ на ОСТЕН АРТ е форматот. Или, според правилникот на манифестацијата, тие треба да создадат дела – цртеж со димензии 110 x 190 см.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.