| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на дела од Глигор Чемерски во САНУ

Во Галеријата на Српската академија на науките и уметностите утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на академик Глигор Чемерски, кој почина минатиот месец.

Како што информира МАНУ, на отворањето на изложбата ќе присуствуваат академик Луан Старова, потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите, и академик Влада Урошевиќ.

Сликарот и академик Глигор Чемерски почина во Скопје на 76 години. Роден е во Кавадарци во 1940 година, а се школувал во Скопје, Белград и во Париз. Во 1962 година првпат самостојно изложувал во Скопје, по што следуваа триесетина индивидуални изложби во Македонија и низ светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top