Бебето кое го доби името Најден и чие заздравување го следи цела македонска јавност беше успешно опериран на Клиниката во Скопје и се подготвува за трансплантација. Компликациите биле утврдени при внатрешен мониторинг на дишните патишта, каде биле забележани останати рани од отсечениот јазик. Бебето континуирано имало проблеми со дишењето, па оваа интервенција била неопходна, велат од Клиниката за детски болести. Најден сега е во добра здравствена состојба, додаваат од Клиниката.Подготовките за трансплантација на вештачки јазик веќе се во тек. Она на што се концентрираат лекарите е исхраната на бебето, со цел да ја постигне потребната килажа за извршување на оваа тешка операција која најверојатно ќе биде извршена надвор од земјава, до крајот на годинава, истакнува д-р Аспазија Софијанова.
Денес навршуваат четири месеци откако Најден беше фрлен во грмушки во селото Арачиново со отсечено јазиче и лоша здравствена состојба, а полицијата се уште ги нема пронајдено сторителите на овој грозоморен чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.