Сер Алекс Фергусон во моментов во болница заздравува од операцијата на мозокот. Тој имал крварење во мозокот, што најверојатно било предизвикано од мозочен удар. Според последните информации тој е во стабилна состојба по операцијата. Целиот фудбалски свет почна да му испраќа желби и молитви за побрзо оздравување.
Сер Алекс Фергусон имаше операција денеска поради крварење во мозокот. Операцијата мина во најдобар ред, но ќе мора да мине одредено време на интензивна нега за да се опорави. Неговото семејство побара приватност“, напишаа од Манчестер јунајтед.
„Сите во Манчестер сити му посакуваат на сер Алекс ФЕргусон целосно и брзо закрепнување по операцијата“, напишаа од градскиот ривал на Манчестер јунајтед.
Everyone at Manchester City wishes Sir Alex Ferguson a full and speedy recovery after his surgery #footballfamily
— Manchester City (@ManCity) May 5, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.