| четврток, 6 декември 2018 |

Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор

Игор Балевски, доктор на медицински науки од областа на интервентна кардиологија при Универзитетскиот Клинички Центар Марибор, вчера, успешно изведе особено сложен хируршки зафат.

Имено, за прв пат во оваа реномирана установа, д-р Балевски, изврши транцатетерска имплантација на валвула на аорта низ артерија на нога, односно без сечење на граден кош, што претставува огромен успех. Особено ако се земе во предвид дека сложениот зафат се врши во земја членка на Европската Унија, од страна на доктор од Охрид кој своето образование го стекнал во Македонија, а се доедуцирал во Словенија, Германија, Австрија и Италија.

Др. Игор Балевски е шеф е на тимот за интервентна кардиологија во Марибор и доктор на медицински науки за Интервентна кардиологија во Словенија, едукатор за интервентна кардиологија на доктори специјализанти од Европска унија.

 

извор: OhridNews

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top