Oд 300 до 2.000 евра ги чинат родителите пластичните операции на младите, за кои многу често се одлучуваат во периодот пред матурските забави. Со нив се коригира нос, се исправаат клапушести уши, одлучуваат да стават силикони за да ги зголемат градите, ги зголемуваат усните… Д-р Огнен Даскалов, пластичен хирург, објаснува дека младите на таа возраст му се чести пациенти и дека се опседнати со изгледот
И годинава продолжува „традицијата“ девојки и момчиња да прават интервенции пред да дојде матурата. Кај лекарите одат целосно подготвени за она што сакаат да го добијат од својот изглед, иако неретко барањата знаат да им бидат нереални. Естетските операции често значат сериозна хируршка интервенција, но тоа не ги плаши.
– Секако дека продолжува таа традиција, голем дел од младите на таа возраст се многу опседнати со физичкиот изглед. Иако се многу млади и поубави од нас, постарите, секогаш имаат некои барања, најчесто поврзани со промени на делови на лицето – објаснува д-р Огнен Даскалов, пластичен хирург, пишува Факултети.мк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.