| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкиот претседател имаше успешна операција на срцето

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос имаше успешна операција на срцето, јави ТАСС.

На денешната интервенција, лекарите му вградија стент на 67-годишниот шеф на државата.

Операцијата беше направена во кардиолошкиот центар во Атина.

Прокопис Павлопулос се очекува да се врати на своите работни обврски уште во текот на утрешниот ден

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top