Разводот на естрадниот пар Ана Севиќ и Дарко Лазиќ нема да добие судски епилог, дознава Блиц. Тие се договориле да останат во брак, но со живот на различни адреси, а извор открива како дошле на таа идеја.
-Всушност Ана му соопштила на Дарко дека нема да се разведе од него и дека не се согласува на спогодбен развод. Кога подобро размислила сфатила дека таа, како и да се договорат за време на бракоразводната парница, нема да има финансиска сигурност. Доколу судски се разведат, судот би одредил алиментација која Дарко би ја плаќал и само тоа би го добивала, а вака е свесна дека Дарко постојано ќе дава пари. Она што и иде во прилог е тоа што Дарко плаќа данок на она што го заработува, а не и на бакшишот, кој често е поголем од заработката. Во тој случај алиментацијата не би била процентуално сразмерна на вистинската заработка на пејачот – објаснува изворот и додава:
-Не знам како тоа таа го предложила и претставила, но тој се согласил на тоа. Тие двајца ќе живеат одвоено, таа останува во станот со ќерката Лорена, каде живееле заедно, додека тој за себе ќе купи нов стан. Неформално ќе бидат разведени, но пред законот и натаму ќе бидат маж и жена. Тие двајцата инаку ги средија односите и сега почесто се слушаат. Дарко постојано доаѓа да си ја види ќерката. На Ана и дава пари за таа и понатаму да живее лагодно. Пријателите мислат дека тој го финансирал и зимувањето на кое биле Ана и Лорена, бидејќи сакал ќерка му да биде на свеж воздух и да научи да скија-додал изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.