Во новиот објект на гинекологијата Мајка Тереза во Чаир утрово се роди првото бебе. На гости му дојдоа министерот за здравство Никола Тодоров и градоначалникот на Чаир Изет Меџити.

При посетата министерот најави дека во родилиштата воведува ново правило според кое медицинските сестри ќе треба на секој час да ги посетуваат родилките.
„Ново правило што го пратив до сите породилишта е сестрите на секој час да ја проверуваат родилката и детето. Сепак мајките треба да бидат згрижени и да се задоволни“, рече Тодоров.
Во новиот објект се вложени 4 милиони евра. Годишно во болницата се очекува да се раѓаат по три илјади бебиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)


