| четврток, 6 декември 2018 |

Борачите светла точка на Медитеранските игри

борење 1

Борачите на репрезентацијата на Македонија денес го обелија образот на Медитеранските игри во Мерсин, Турција освојувајќи 3 медали во натпреварувањето во слободен стил.

Дејан Богданов се закити со сребро. Тој во финалето загуби од домашниот борач Сердар Боке.

Дејан Митров во категорија до 66 килограми во репасажот за третото место го победи Алжирецот Рабах Рамдане и освои бронзен медал, додека во категоријата до 120 килограми Бобан Данов го победи репрезентативецот на Египет Хамди Абелхабад и исто така се закити со бронза.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top