Во третиот натревар од одбојкарскиот турнир што се игра на Медитеранските игри во Мерсин Турција, машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз.
По двата пораза од Италија и Тунис, денес „црвено-жолтите“ загубија и од селекцијата на Алжир со 0-3 ( 19-25, 23-25, 21-25 ) во сетови.
Пред овие игри избраниците на селекторот Жељасков имаа големи амбиции, но не успеаа да се наметнат на теренот и да се пласираат во полуфиналето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



