| четврток, 6 декември 2018 |

Тригодишно дете претепано до смрт зошто без дозвола земало колаче

Две сестри од Атланта, САД, се обвинети за убиство на тригодишно момче кое го претепале само затоа што земало колаче. Според полицијата, момчето Кеџуан Мејсон си зело „капкејк“ од кујната, додека во куќата биле Глендрија и Лашерија Морис.

Лаширја, наводно, го тепала детето со безбол палка, додека нејзината сестра, инаку законска старателка на момчето, гo удрила со раце. Момчето починало како последица од тепањето, поради повреди на главата и телото.

Двете сестри дале контрадикторни изјави за тоа што се случило на 31 октомври минатата година и тврделе дека момчето се гушело откако гризнало од колачот. Медиумите објавија дека мајката на момчето го изгубила старателство врз него, бидејќи ја изгубила куќата, но таа се борела да си го врати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top