Нашите ракометарки одиграа очајно против тимот на Тунис. После лошото прво полувреме кое заврши со негатива од 9 гола, ракометарките на противничкиот тим со рутинска игра го завршија натпреварот со исто толку разлика за резултат од 22-31.
Најефикасни ракометарки во нашиот тим беа Елена Ѓоргиевска, која заедно со Марија Штеријова постигнаа по 5 гола.
Ова е трет и последен натпревар за нашата женска ракометна репрезентација на Медитеранските игри по три порази од три одиграни натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


