
Се уште законската сопруга на фолкерот, Ана Севиќ се обидува на сите начини да го врати сопругот Дарко Лазиќ и со него да склопи примирје, па почна и јавно да му упатува комплименти.
И додека на 17 јануари двајцата официјално соопштија дека ќе се разведуваат, до крај на бракот можеби нема да дојде.
Имено, Ана, како што објаснува изворот, иницирала повлекување на документите кои ги предале на суд. Наводно, таа, сака на нивната љубов да и даде уште една шанса.
-Тие поднесоа документи за развод и решија да стават точка на се, но потоа Ана иницирала да се обидат да се смират и да ја пребродат кризата. Дарко во почетокот и ги одбивал пораките и повиците, а таа давала се од себе да го измоли на смирување. Засега Дарко нормално минува време со својата миленичка, но враќањето дома ќе почека, ако воопшто до него дојде. Сепак Ана е среќна што ја смири тензијата која владееше меѓу нив- објаснува извор за Блиц.
Во меѓувреме Дарко работи турбо. Тој викендов имал настап во Стокхолм, a времето пред излегување на сцената го искористил како по пат на лајф вклучување на Инстаграм би се обратил на своите фанови.
Се приклучила и неговата се уште законска сопруга Ана и оставила коментар.
-Лазиќу, си се подмладил – кратко напишала Ана со емотикони смајли и срциња, што дополнително ги покренува прашањата за нивниот сегашен однос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


