| четврток, 6 декември 2018 |

Викенд кој долго ќе го памети: Прилепчанецот Владимир со 100 денари доби 42 000 евра (фото)

Кој игра, тој има шасни да добие. Ова е мотото на Владимир Ристески од Прилеп, барем кога се работи за играњето во обложувалница. Изминатиов викенд, Ристески имаше многу причина за радост. Toj е добитник на неверојатни 2.567.111 денари, сума од дури 42 000 евра која Владимир ја добил со уплатени само 100 денари.

На добитното ливче има мечеви од повеќе европски лиги кои се играле во петокот и саботата. Интересно е тоа што во саботата, во исто време му се играле дури 8 натпревари, сите од 16 часот. За сите 20 натпревари било исто. требало да има 1 до 2 гола во првото полувреме.

– Не практикувам да чекам еден меч како последен. Во саботата од 16 часот ми се играа последните 8 меча. Веќе до 20 минута на сите имаше по еден гол и тоа беше доволно, бидејќи барав да има 1-2 гола во првото полувреме. До 40 минута на три средби паднаа уште по еден гол и последните неколку минути се тресев да не дадат и трет гол на тие дуели. За моја среќа тоа не се случи и ливчето е добитно, ги објаснува Владимир најстресните моменти во својата обложувачка кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top