Агресивен скопјанец во вторникот направил инцидент откако удрирал по апаратите во обложувалница која е лоцирана во населбата Ѓорче Петров. Причината за агресивното однесување на скопјанецот било доцнењето на системот, а тој се обложил во живо и бил во исчекување на резултат за добивка.
Лицето почнало да удира по апаратите, а бесот го истурил и врз изложното стакло од објектот. Вработените од обложувалницата ја повикале агенцијата која го обезбедува објектот, а тие биле и известени дека на проблематично лице му се придружила група од дваесетина луѓе.
Во објектот пристигнале неколку патроли, а менаџерот на обложувалницата поради настанатата ситуација ја известил скопската полиција. Настанот го превзела полицијата која направила увид и записник, а лицата кои го предизвикале нередот биле легитимирани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Нападнат вработен во обложувалница во Аеродром: Невозен обложувач фрлал по него со пенкала, со канта удирал во вратата
-
Откриена нелегална обложувалница во Гостиварско: Запленети телевизори и покер апарати
-
Имате ли карта, кој си ти? Обезбедувањето во Париз не го препозна Надал (Видео)