| четврток, 6 декември 2018 |

Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат

Синоќа беше неверојатна ноќ за навивачите на Рома, но и за еден прогнозер. Лудата приказна доаѓа од Јамајка каде обложувач уплатил 1.000 долари на својот тикет каде имал 5 парови: Бартон Албион – Хал 2, Бристол Сити – Бирмингем 2, КПР – Шефилс Венздеј 1, Блекпул – Нортемптон 1 и Рома – Барселона која сакал да ја игра “двојка“, но вработената на шалтерот му ја згрешила и му ја уплатила за победа на домакинот.

Кога забележал, во паника се вратил во редот, но веќе било доцна да му корегираат ливчето.

За негова голема среќа, затоа што Рома ја декласираше Барселона со 3-0 и сензационално отиде во полуфинале од ЛШ, оваа грешка на прогнозерот му донела добивка од 52.623 долари или 42.439 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top