| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена нелегална обложувалница во Гостиварско: Запленети телевизори и покер апарати

При контрола на полицијата, во центарот на гостиварското село Градец, вчера била откриена бложувалница која работола нелегално, информираат од СВР Тетово.

Портпаролот Марјан Јосифоски вели дека полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар, вчера, околу 14 часот извршиле контрола во спортска обложувалница, во која нелегално се приредувале игри на среќа и комар. Во објектот бил затекнат А.Џ. (25) како вработен.

– Во објектот без фирма, пронајдени и со потврда одземени се: девет телевизори, шест покер апарати со 13 клучеви, три компјутерски куќишта, два монитора, два читача, четири принтери, една тастаура, четири билтени, четири тикети и парични средства во вкупен износ од 81.690 денари, вели Јосифоски.

Во тек се активности за расчистување на сите поединости, по што против сопственикот на обложувалницата ќе следува соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top