Утрово во 01,00 часот во СВР-Скопје, Г.М. (37) пријавил дека на 15.02.2018 година околу 23,20 часот во спортска обложувалница лоцирана на бул. „Јане Сандански“, непознато лице изреволтирано бидејќи му била побарана лична карта за исплата на добитен тикет (согласно законските прописи за исплата на добивка), почнало да му се заканува на вработениот (пријавителот) и во еден момент со кутија полна со пенкала фрлило кон него и го погодило во лицето.
Потоа сторителот излегол надвор и земал канта за отпадоци и почнал да удира по влезната врата од објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Откриена нелегална обложувалница во Гостиварско: Запленети телевизори и покер апарати
-
Инцидент во обложувалница во Ѓорче: Агресивен скопјанец го скршил излогот, удирал и по апаратите
-
Разбојник одзел околу 40 илјади денари од обложувалница во Скопје