Српскиот тренер Влада Вукоичиќ е нов шеф на стручниот штаб на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје, а информацијата е потврдена на официјалниот веб-сајт на клубот.
Вукоичиќ минатата сезона беше тренер на Црвена звезда, но доби отказ. Како предводник на „црвено-белите“ забележи 18 победи и шест порази во АБА-лигата, а во Еврокупот се пласира и во фазата Топ 16. Непосредно пред одржувањето на завршниот турнир во Лакташи, Вукоичиќ беше сменет од позицијата прв тренер на Црвена звезда, а неговото место го зазеде Дејан Радоњиќ.
Вукоичиќ ќе го наследи Алеш Пипан, тренер што го предводеше МЗТ Скопје минатата сезона, а си замина во Олимпија Љубљана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.