Директор на основно училиште во Тетово вчера пријавил дека две ученички во 8-мо одделение му кажале дека нивната 14 годишна другарка била психофизички и сексуално малтретирана од страна на нејзиниот татко.
-Во извршен разговор помеѓу директорот и оштетената истата го потврдила кажаното. Извршен е гинеколошки преглед над оштетената и констатирано е дека нема видливи повреди, по што од оштетената е земен брис за вештачење. Осомничениот е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител, информираат од МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.