| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на претставата „Дива“ од Маријана Нола во Битолски театар

Народниот театар Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Дива“ чиј автор е гостинката од Хрватска Маријана Нола, а режисер битолчанката Софија Ристевска.

Во претставата ќе настапат актерите Елена Моше, Маја Андоновска и Огнен Дранговски, а нејзината реткост ја привлекуваат и бројните фотографии кои ќе бидат презентирани во текот на претставата, а ги изработи младиот Сергеј Светозарев.

– Во претставата доминира едно отворено и актуелно прашање, дали на овој век на материјални придобивки личната и семејната среќа ќе го имаат приматот врз борбата за финансиски успех. Всушност „Дива“ го поставува прашањето дали семејството е сепак поважно од се, истакна режисерката Ристевска во пресрет на вечерашната театарска премиера.

Ансамблот на Битолскиот театар по изведбата на третата годинашна премиерна претстава заминува за Хрватска каде на 29 и 30 јуни во Загреб, на сцената на Хрватско народно казалиште ќе ја изведе претставата „Травничка хроника“ од Иво Андриќ во режија на Бранко Брезовец, а во чест на зачленувањето на државата домаќин во Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top