Долгометражниот филм “Ема”, снимен целосно од група македонски тинејџери кои се и главни актери во ова остварување за кое во изминатиот месец многу се зборуваше во медиумите и јавноста, ќе има своја премиера на 3 ноември (19 часот) во киното Синеплекс во Скопје.
-Ема сме сите ние и сакаме да се слушне нашиот глас, бидејќи сите ние водиме внатрешни битки. Сакавме да ги покажеме сите стравови и дилеми на младите во денешното општество со сите негови пороци, а кој најдобро може да го направи тоа, ако не ние самите, велат протагонистите.
Насловната улога “Ема”, пак, во филмот ја игра Ангела Спировска. Ема е 17-годишна девојка која ги има сите желби, очекувања и дилеми како и секој млад човек на нејзина возраст, а токму нејзините другари и познаници ја заокружуваат целата нејзина приказна.
Во филмот главните ликови покрај Ангела Спировска ги толкуваат и Антонио Кухар, Мартин Чичовски, Вања Тројачанец, Оливера Каменаровска, Лина Бојаџиева, Аника Чорбевска…
Филмот ќе има проекции во Синеплекс до 10 ноември, а заинтересираните ќе можат да направат резервации и на инстаграм профилот @marvieproductions..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура