За неверојатната приказна на дваесет годишниот тенисер Дарко Грнчаров, кој шест месеци беше во кома, дозна и Серена Вилијамс, поранешната најдобра тенисерка во светот. Таа на Дарко му испрати приватна порака на „Твитер“, полна со зборови на поддршка.
-Oва е неверојатна приказна. Луѓето како тебе ме инспирираат. Ќе ни биде чест мене и на Олимпија да те запознаеме наскоро. Многу љубов! Бакнежи, стои во пораката од Серена за Дарко.
-Не можам да опишам колку сум среќен што Серена ми испрати порака. Ова е најдоброто нешто што можеше да ми се случи, да ми пише мојот идол, изјавил Дарко за „Репортер“.
Дарко вели дека сестрите Серена и Венус Вилијамс му се омилени тенисерки, а идоли кај тенисерите му се Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Дарко веќе се подготвува за својот прв турнир, што треба да го игра во Мајами во март. Тенисерот по мозочниот удар се разбуди од кома пред само 8 месеци. Тогаш лекарите му рекле дека ќе треба да поминат неколку години пред да може да тренира и да игра тенис..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.