| четврток, 6 декември 2018 |

Среќен крај на драмата: Бебето фрлено во контејнер доби ново семејство

Новороденчето кое пред околу еден месец беше пронајдено во контејнер во една сараевска населба доби нов дом.

Девојчето по месец дена престој во Педијатриската клиника е сместена во згрижувачко семејство, а мајката на бебето е осомничена за обид за чедоморство и ќе се брани од слобода.

– Центарот за социјална работа и Службата за социјална заштитна на општината Вогошќа бараше најдобро можно решение за згрижување на девојчето за да се спречи нејзиниот престој од една во друга установа, изјавил Аднан Шпиџо, директор на Кантоналниот центар за социјална работа.

Обвинителството делото „напуштање на дете,“ за кое мајката првобитно беше осомничена, брзо го преквалификува во обид за чедоморство.

Мотивите на мајката за ова злодело се уште се мистерија. Психолозите велат фактор во сличните случаи може да биде постпородилната депресија или психоза, а таа се јавува во еден од 500 случаи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top