Интернетот денеска го користат сите, а во зависност од потребата, некогаш се користи за пребарување на нешто важно, но и само за забава и разонода. Но често пати тоа служи и како место каде можат да се најдат многу непроверени и неточни информации.
Педијатрите во Македонија се почесто почнуваат да апелираат до мајките, ако имаат некој проблем со своето дете, најпрвин да се обратат на стручно лице, а да не превземаат некои работи на свои раце, откако прочитале на интернет.
Додека некои жени, порано совети барале од своите мајки и свекрви, денес за сите важни прашања во врска со детето ги користат податоците достапни на интернет, а таму пронаоѓаат утеха и искуство од другите мајки. На овој начин често знаат и да направат некој поголем проблем, бидејќи кај секое дете постои различна причина за појава на одредена болест, симптом или било какво невообичаено однесување.
(извор – Скопјеинфо)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)