По потпишувањето на Риверс со тимот на Клиперс и дефинитвно заврши една одлична ера на тимот на Бостон Селтикс. Реј Ален уште минатата година замина во Мајами, Док Риверс потпиша со Клиперс, Кевин Гарнет или ќе отиде во пензија или ќе биде трејдуван, а Пол Пирс се очекува да биде отпуштен или исто така трејдуван.
Останува уште трансферот на Риверс во Клиперси да го одобри лигата, а тоа се очекува да се случи во наредните денови, а со неговото доаѓање во Лос Анџелес, Клиперс се надеваат дека ќе го задржат одличниот Крис Пол, кој летово ќе стане слободен играч. За возврат, Бостон Селтикс ќе го добијат пикот од првата рунда на драфтот во 2015. година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.