| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка повреда на Теодосиќ

Уште еден тежок пораз, 130:88, доживеа Феникс на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс.

Сепак, победата на Клиперси остана во сенка на тешката повреда на Милош Теодосиќ. Српскиот плејмејкер ги освои симпатиите на навивачите на Клиперси со одличните игри, но се случи голем пех и настрада левиот глужд на ногата.

Теодосиќ беше изнесен од теренот со помош на соиграчите.

Повредата се случи во втората четвртина кога Теодосиќ незгодно падна на стапалото на Девин Букер. Во тој момент имаше запишано пет поени и две асистенции.

Првите прогнози не беа оптимистични. Се стравуваше дури и од фрактура, но се чини дека не дошло до напукнување. Денеска Теодосиќ ќе биде подложен на магнетна резонанца, по што ќе биде познато колку ќе паузира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top