| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико Мадрид стравува за Облак, ПСЖ се подготвува да го направи најскап голман!

Еден од најдобрите голмани на денешницата, Јан Облак е незаменлив на голот на Атлетико Мадрид, а таквиот статус му донесе интерес од многу големи клубови од Европа.

Француски ПСЖ го шокираше светот и го направи најскапиот трансфер во историјата, доведувајќи го Нејмар од Барселона за 222 милиони евра. Претседателот на клубот, Насер Ал Келаифи најави дека шампионска екипа е првиот и основен предизвик за екипата, а добар голман е основата на големите успеси.

Словенечкиот чувар на мрежата долго време се поврзува со трансфер во Париз, но Диего Симеоне не сака да ги губи ѕвездите, па упорно одбива да разговара за било какво негово заминување.

ПСЖ е подготвен да плати дури 100 милиони, што ќе биде нов рекорд, кога се работи за голманската позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top