| четврток, 6 декември 2018 |

Сантос си ги бара парите од трансферот на Нејмар во ПСЖ

Бразилскиот клуб, Сантос, во кој Нејмар ја започна својата фудбалска кариера, си ги бара парите од рекордниот трансфер на Бразилецот во редовите на ПСЖ. Овој премин францускиот гигант го чинеше 222 милиони евра, што го прави Нејмар – најскапиот фудбалер на сите времиња, а од овој трансфер добро ќе профитира и Сантос, кој тврди дека има право на пет проценти од вкупната сума.

Според тоа Сантос треба да инкариса 13 милиони евра, а челниците на клубот бараат дополнителни 4.5 милиони, заради неодиграниот пријателски натпревар против Барселона.

Нејмар цели пет години (2009-2014) беше дел бразилскиот тим. Во тој период одигра 134 натпревари, на кои постигна 70 гола и запиша 35 асистенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top