Медиумската бура околу разводот на Ана Севиќ и Дарко Лазиќ се уште не стивнува, а неговата околина почна да открива уште детали од нивниот брак кои до сега не беа познати на јавноста.
Соседите на популарниот пејач проговорија и за скандалот околу неговото наводно конзумирање наркотици, а еден од нив изјавил дека оваа приказна која се појави во медиумите не го зачудила, бидејќи, како што тврди, порано имал обичај да конзумира марихуана.
-Тој порано пушеше марихуана. Водеше бурен ноќен живот, менуваше девојки, што се вели, удираше рецки – раскажал соседот на Дарко Лазиќ од неговото родно место, Брестач.
Соседите додале дека долго време ја немата видено Ана во Брестач, како и дека додека им цветале рози во бракот, не доаѓала често.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.