
Дарко Лазиќ и Ана Севиќ со денови се во жижата на јавноста поради скандалот за кој зборува целиот регион, а еве што за се мисли нивниот колега Ера Ојданиќ и на чија страна е.
Откако излегоа со соопштение за јавност во кој официјално потврдуваат дека се разведуваат, народниот пејач Ера Ојданиќ тврди дека снимката на која се гледа како Дарко шмрка бел прав, не е наместен, како што тврдат некои негови колеги.
Ера вели дека исклучително ги почитува Ана и Дарко, но дека општо познато е дека пејачот води раскалашен живот поради големите месечни приходи.
-Дарко е навистина сјаен и квалитетен пејач. Не се дружам со него и Ана приватно, но кога ќе се сретнеме, секогаш убаво се поздравуваме и разговараме. Дарко за кусо време стана многу популарен и сосема е логично неговите настапи да се добро платени. Тој има многу настапи, за кои земаше по 5.000 евра, а сега и повеќе. Лазиќ очигледно не може да се носи со тоа колку заработува и затоа води таков живот. Очигледно е дека го следи европскиот тренд – вели Ера, кој целосно го поддржува Лазиќ и истакнува дека видео снимката на која тој шмрка бел прав не е наместена.
-Сето тоа е за луѓе. Го поддржувам во се, па и во тоа. Не може снимката да биде наместена. Тоа не е вистина. Фактите се факти и се што се гледа на снимката е вистина – тврди Ера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


