Иако јавноста со денови зборува за разводот на Ана Севиќ и Дарко Лазиќ, тие двајца досега избегнуваа на било кој начин да се огласат и одаваат детали од приватниот живот.
Меѓутоа Дарко реши сега првпат, после целиот скандал, да се огласи на социјалните мрежи, па на Инстаграм објави фотографија од својата опрема за настапи.
Покрај фотографијата од микрофон, Дарко очигледно сакал да стави до знаење дека е посветен исклучиво на работата, па покрај фотографијата напишал „Арсеналот е скапуван“.
Дарко добива поддршка од неговите колеги, па така Џани под фотографијата и во коментарот на Дарко му напишал: Сине единствен, те бакнува тато!
Од друга страна Ана Севиќ се уште молчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.