| четврток, 6 декември 2018 |

Боба „ја украл“ Брена од овој човек: Беа во врска седум години, а на крајот останаа најдобри другари

Весна Вукелиќ – Венди открила голема тајна за Лепа Брена, Бобан Живоиновиќ и Саша Поповиќ, односно дека тенисерот пред повеќе од 20 години му ја „украл“ девојката на директорот на „Гранд“.

Таа изјавила дека Брена и Поповиќ биле седум години во врска, живееле заедно и дека бил можен и брак доколку не се вмешал сегашниот сопруг на пејачката.

– Бобан Живоиновиќ му ја „украде“ Брена на Саша Поповиќ. Тие беа во врска седум години, а на крајот останаа најдобри другари, па станаа и кумови. Кога ја започнував кариерата го гледав Саша како му вари кафе на Бобан како ништои да не се случило, јас така не би можела. Би земала тешка артилерија, коњаница, мислам дека би ја повторила Битката на Косово, изјавила контроверзната Венди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top