| четврток, 6 декември 2018 |

Пресврт после разводот: Ана останува без пари, Дарко Лазиќ ќе ја издржува ќерката!

После нарко скандалот, Дарко и Ана ставија точка на бракот, а пејачот на поранешната жена ќе и дава пари само за ќерката. Ана е приморана да се врати на својата работа, па на сите начини се обидува да закаже настапи.

-Разводот од еден од најбараните фолк пејачи од помладата генерација на овие простори Дарко Лазиќ ќе влијае на Ана, бидејќи таа извесен период не е ангажирана во музичките води, а последната песна Ламборџини ја издаде во 2015 година. Иако со Дарко ќе склучи спогодбен развод, каде ќе се договарат за прераспределба на имотот, пејачката планира да се врати во музичките води и сега закажува и брка настапи, како би била што поангажирана. Таа ги контактирала и менаџерите и сопствениците на клубовите во кои за 2018 година сака да обезбеди што повеќе настапи, како би заработила доволно за живот на каков што навикнала –  вели извор упатен во случајот.

Дарко не би правел проблем луксузниот стан на Видиковец кој вреди околу 300.000 евра да припадне на Ана и пејачката во него да живее со ќерката, додека Дарко редовно ќе плаќа алиментација во висина за која ќе се договорат. Со оглед на тоа дека Дарко многу настапува и заработува одлично, не жали пари за својата миленичка и ќе дава колку што е потребно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top