Кусо време откако се појави снимката на која Дарко Лазиќ конзумира бел прав, како бомба одекна информацијата дека неговиот четиригодишен брак со пејачката Ана Севиќ е завршен уште пред два месеца.
Поради ќерката Лорена тие решиле да не даваат никакви изјави во јавност, па екипата на Ало се упатила во Брестач, каде се уште живеат родителите и бабата на Дарко, како би дознале колку има вистина во тие приказни.
-Беше тука за Бадник, а од тогаш немаме мир. Ни рече дека се разведува од Ана, бидејќи му признала дека има друг. Таа сега зборува дека се развеле пред два месеца, а тоа не е точно. И ова што зборуваат дека се дрогира, тоа таа му го смести. Нека се вади како знае. Па да се дрогира дали би имал толкав стомак, кажете ми вие мене. Го жалам, не можам да ви опшам колку е оптоварен заради сето ова – вели бабата на Дарко, Милка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.