| четврток, 6 декември 2018 |

Словенците имаат највисока, а Македонците најниска просечна плата во регионот

Просечната плата во Словенија во октомври годинава во Словенија изнесува 1.056,47 евра, додека во Македонија 381,90 евра, објави Анадолија

Словенија има највисока просечна плата во регионот, а Македонија најниската. Просечната плата во Словенија во октомври годинава во Словенија изнесува 1.056,47 евра, додека во Македонија 381,90 евра, објави Анадолија.

Во Хрватска просечната плата изнесувала 795,53 евра, Црна Гора 511 евра, Босна и Херцеговина 436 евра, Србија 396,29 евра.

Во текот на 2017 година најголем раст просечната плата имала во Хрватска за 45,83 евра, а најмалку во Босна и Херцеговина за 8,13 евра и Црна Гора за осум евра.

Во Словенија во текот на 2017 година просечната плата е зголемена за 36,07 евра во Србија за 26,59 евра и во Македонија 18,10 евра.

Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија просечната плата во октомври изнесувала 23.356 денари, а просекот за првите десет месеци од годинава 22.808 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top