| четврток, 6 декември 2018 |

Данеу: Се надевам дека Македонија и Словенија ќе играат во полуфиналето на ЕП

„Почувствувај ја Словенија“, е мотото со кое Словенците се подготвуваат да ги пречекаат вљубениците во кошарката, од 4. до 22. септември на Евробаскетот. Словенија ќе ги отвори вратите на четирите спортски сали во Јесенице, Копер, Цеље и Љубљана.

Во финишот на подготовките за најпрестижниот спортски настан во историјата на самостојна Словенија, „Телеком Словеније“ одлучи да застане зад настанот и да обезбеди максимална поддршка за негова успешна реализација. Македонската подружница на словенскиот Телеком, телекомуникацискиот оператор ОНЕ е силен поддржувач на спортот, а особено на македонската кошарка.

Четврта година по ред ОНЕ е официјален спонзор на Македонската Кошаркарска Репрезентација, која на претходното Европско првенство во Литванија пред две години го постигна најголемиот успех во историјата на колективните спортови кај нас со пласман на 4. место.

basket slovenia press (Custom)

Легендата на словенечката кошарка, Иво Данеу, ни беше гостин денеска и изрази надеж дека Македонија и Словенија ќе се најдат меѓу четирите најдобри селекции во Европа.

Благодарам на поканата што можам да зборувам на претставувањето на новиот спонзор на европското првенство во Македонија. Многу сум задоволен што компанијата Телеком Словеније одлучи да биде спонзор на нашиот шампионат. Се надевам дека ќе се видиме во Словенија во септември во уште поголем број и дека таму ќе бидат многу повеќе македонски навивачи, а и дека вашата репрезентација со нашиот врвен стручњак Алеш Пипан ќе биде меѓу првите четири во Европа. Можеби дури, да дојде и до финалето, но да е таму и Словенија” – изјави Данеу, кој е официјален амбасадор на Eвробаскет 2013.
Македонија е во групата со Србија, БиХ, Црна Гора, Летонија и Литванија во Јесенице и очекува голема подршка од македонските навивачи, кои најавуваат „инвазија“ на Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top