Стоперот на Вардар Мирослав Вајс падна на допинг-контрола, а бил позитивен на засега непозната супстанција, по мечот со Металург во домашното првенство, игран пред нецел месец. Засега ова е неофицијална информација, а потврда од фудбалската федерација на Македонија треба да има на 3 јули.
Вардар нема вина во целиот случај, односно клубот и не знаел за случајот бидејќи играчот на своја рака се решил да користи недозволени средства. Тоа го докажува и допинг-контролата по мечот со Металург, на која бил и Филип Петров, кај кого не е најдено ништо, односно бил негативен на тестот.
За Вајс следува автоматска суспензија, а ако се потврди дека е позитивен на допинг-тестот ќе мора да паузира до две години, колку што е максималната казна во вакви случаи. Ова е четврти ваков случај во мак-фудбалот. Пред Вајс, позитивни на допинг-тест беа голманот Јорде Георгиевски, и играчите Дино Најдоски и Милован Петровиќ сите од Работнички.
Од Вардар велат дека се против користење на стимулативни средства и дека сите фудбалери имаат потпишано документ дека не смеат да користат стимуланси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.