| четврток, 6 декември 2018 |

Џеј имал операција на срце во Виена: Му претстои долго опоравување

Српскиот пејач Џеј Рамадановски бил на операција во една приватна клиника за кардиоваскуларни болести во Виена. Веќе неколку години Џеј има проблеми со срцето, брзо се заморува и отежнато дише. Поради таа причина бил хоспитализиран и во март, откако претходно во својот дом почнал да се гуши.

Џеј одлучил да се лекува и операцијата да ја изврши во Виена, а до него како поддршка биле неговите ќерки.

Операцијата поминала во најдобар ред, лекарите изјавиле дека била успешна, а пејачот се чувствува добро, но сепак му престои долг период за рехабилитација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top